Radical Realist
Thursday, March 8, 2012
Како што доликува за втор пост, што друго освен да им го честитам празникот денес, на сите жени во светот: Дали се девојки, сопруги, братучетки, сестри, мајки, баби, нечии пријатели, непријатели, BFF, сите супермодели, сите работнички, чистачки, кувачки (па и тие со 'р' после 'ку'), и жените домаќинки (нека бидат се освен очајни на овој ден), трендсетерки и тренерки, бизнисменки и бартендерки, економистки и спортистки, правнички и приправнички, адвокатки и тие кратки, и пунички, тенки, витки, бели, црни, црвени, жолти, шарени и покварени, и тие со депресија попарени, сите наркоманки и нимфоманки, студентки и капитулентки, феминистки и традиционистки, политичарки и авијатичарки, аеробичарки и уметничарки, па и тие што се уличарки, дизајнерки и стујардеси, фризерки и хостеси, тие кои се глави на нација или естетска експлоатација, тие кои се нечија фантазија, или ноќна мора, тие кои се тивки или многу зборат, трачарки и танчарки, и згодни банкарки, шмизли и спонзоруши, и тие вљубени до уши, масерки и експертки, садистки и мазохистки, алтруистки и анархистки, интелектуалки и моите драги бисексуалки, секако, да не ги заборавиме и лезбејките. Нека ви е честит празникот! :)
Subscribe to:
Posts (Atom)